Локално

Чулев: Мирни и фер избори ни се потребни за европскиот пат

Потребни ни се мирни и фер парламентарни избори во државата за отпочнување преговори и за европскиот пат. Ова во Прилеп го посочи министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, по посетата на ОВР Прилеп.

Според него овие избори се со висок политички ризик и затоа акцентот ќе биде ставен на спречување изборни нерегуларности, поткуп, семејно гласање, контрола на текот на кампањата и овозможување на избирачкото право на граѓаните.

– МВР и ДИК изработија заеднички спот. Со него и со постери превентивно ќе ги информираме граѓаните – рече министерот Чулев.

Тој посочи дека во Прилеп има намалување на криминалитетот, дека е зголемен процентот на откриени имотно кривични дела како кражби, палежи, од областа на економскиот криминал за што се поднесени крвични пријави до ОЈО Прилеп.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content