Здравје

Изминатото деноноќие 153 новозаболени, шестмина починати и 75 оздравени

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 од кои најголемиот дел во Скопје... Починати се 6 лица, а регистрирани се 75 оздравени пациенти.

153 нови случаи со Ковид 19 на направени 1279 тестирања. Скопје лидер со високите бројки со 66, Тетово со 20, Штип и Куманово 13, Охрид и Струга 7, Ресен 12, Кичево 6, Свети Николе 3, Прилеп 2 Крива Паланка, Кочани,, Пробиштип, Битола по еден. Починаа шест лица. Еден од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, и по еден Охрид и Ресен. Вкупно оздравени се 75 пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164. Бројот на починати и стави темна боја на Македонија на мапата на СЗО. Скано со објаснување дека не требало да се прават споредби меѓу земјите.

Главниот град со најмногу активни случаи 1800. Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера. Чаир останува лидер со 416, Гази Баба 151, Бутел 136, Сарај 138, Аеродром 141, Карпош 121, Кисела Вода 109.

По бројот на примени пациенти во болница шест се примени на инфективната клиника, каде вкупно има 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content