Технологија

Facebook ќе овозможи исклучување на политичките реклами на своите мрежи

За почеток корисниците на САД ќе можат да ги исклучат политичките реклами кои се прикажуваат на Facebook и Instagram

Иако уште се практикува да се прават митинзи и собири за време на изборна кампања, јасно е дека сепак најдобар начин да се стигне до гласачите е преку друштвените мрежи кои ретко кој не ги користи.

Друштвените мрежи се посебно корисни затоа што на митинзи обично доаѓаат партиски членови, барем кај нас, односно луѓе кои се веќе определени за кого ќе гласаат, па преку овие мрежи може да се дојде и до другите гласачи.

Ова може да е добро за политичките партии, но секако може да претставува проблем за корисниците на мрежите кои не ги интересираат политичките кампањи, односно тие се или незаинтересирани или се информираат на друг начин, па не сакаат овие мрежи да им бидат полни со реклами за избори.

Facebook веќе одамна овозможува да се сокрие одреден реклама доколку корисникот не сака веќе да му се појавува, но за време на кампања, изворите на реклами можат да бидат повеќе, па да треба често да се исклучуваат.

Поради доста барања од корисниците, но и критиките што Facebook остава да политичките реклами може да содржат што сакаат без проверка, од компанијата воведоа едноставен начин корисниците да ги исклучат политичките реклами и веќе да не им се појавуваат на оваа мрежа и на Instagram.

Корисниците ќе можат да отидат во Settings на апликациите и прилагодувањата за реклами, по што ќе можат да изберат да им се покажуваат помалку реклами кои се за социјални теми, избори и политика.

Од Facebook истакнуваат дека на овој начин на корисниците веќе нема да им се прикажуваат рекламите кои се означени како политички, а доколку сепак некоја реклама помине, истата може посебно да се исклучи.

Оваа новина Facebook ја пушта прво во САД каде е изборна година, но најавуваат дека ќе им стане достапна и на другите корисници во светот, но без најава каде и кога.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content