Спорт

Аталанта со голем пресврт ја прекина серијата на Лацио од 21 меч

После 21 натпревар непоразеност во Серија „А“, Лацио вечерва „падна“ на гостувањето кај Аталанта.

А, резултатот не ветуваше така, со оглед дека Лацијалите имаа 0:2 водство во првиот дел (Де Рон автогол и Милинковиќ-Савиќ). Сепак, истото беше намалено преку Госенс на крајот од првото полувреме.

Малиновски во вториот дел со прекрасен гол се погрижи за израмнување, а потоа Паломино на 10 минути пред крајот по киксот на одбраната на Лацио и голманот Стракоша, се запиша во листата на стрелците за огромни три бода.

Аталанта ја продолжи успешната серија, додека Лацио со овој пораз се оддалечи на четири бода од првопласираниот Јувентус.

Во вториот меч, Рома со 2:1 ја совлада Сампдорија.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content