Политика

Од петок рестораните можат да работат и во внатрешноста на објектите

Владата на денешната седница донесе одлука од петок (26 јуни) угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите.

Од петок се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите ќе можат да работат и во неделите.

„За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки“, напиша техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content