Здравје

Регистрирани 118 нови случаи на Ковид-19, починаа четворица заболени од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени 1.363 тестирања регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1 и Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.

Во болницата „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58) примен на 9 јуни, пациент (73) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72) на 21 јуни, а денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати се 251. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.012. Од вчерашните тестирања три се контролни, а во согласност со новите податоци, статистиката по градови е следна:

• Скопје 2588, активни 1734
• Куманово 703, активни 250
• Дебар 83, активни 31
• Штип 276, активни 186
• Прилеп 235, активни 17
• Тетово 558, активни 322
• Струга 181, активни 101
• Велес 169, активни 34
• Битола 43, активни 14
• Охрид 120, активни 100
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 87, активни 50
• Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 12, активни 8
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 9, активни 6
• Ресен 70, активни 69
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјава се направени вкупно 53,248 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на Ковид-19.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи по скопските општини заклучно со вчера е следна:

• Чаир – 402
• Аеродром – 136
• Бутел – 138
• Гази Баба – 150
• Центар – 131
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 80
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 49
• Илинден – 31
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 15
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4

извор: Makfax

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content