Култура

„Огнениот прстен“ ги воодушеви луѓето денеска – Нареден пат ќе се појави дури во 2039 година (ВИДЕО)

Делумното помрачување на Сонцето беше видено на повеќе места во светот, а спектакуларната снимка пристигнува од Индија, каде камерите забележале величествен поглед како Месечината ја блокира ѕвездата на нашиот Сончев систем.

Покрај Индија, овој астрономски деномен беше виден и во делови на Азија, Африка, Кина, Етиопија, Конго, јужниот дел на Пакистан и Централната афричка република.

Помрачувањето на Сонцето е појава кога Месечината ќе се најде помеѓу Сонцето и Земјата и ја блокира светлината, така што формира „огнен прстен“.

Овој вид на соларно помрачување ќе биде видено дури два пати во овој век – 21 јуни годинава и 21 јуни во 2039 година.

Поради безбедноста на очите, стручњаците советувале дека оваа слабо воочлива појава треба да се набљудува преку специјални наочари за помрачување на Сонцето или преку заштитно стакло на апарати за заварување (густина преку 14) или преку добро и двострано на стакло.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content