СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

„Тик-ток“ повторно официјален партнер на Евросонг

„Тик-ток“ ќе биде официјален партнер на Изборот за песна на Евровизија втора година по ред, откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја избра платформата за пренос на натпреварот во живо, како и за објавување ексклузивни настапи и содржини зад сцената.

Објавата уследи откако британскиот парламент во четвртокот соопшти дека ќе ја блокира апликацијата во сопственост на Кина на своите уреди и мрежи поради безбедносни причини.

Мартин Остердал, извршен супервизор на ЕБУ за Евросонг, изјави: „Mилиони нови евровизиски фанови го открија настанот преку „Тик-ток“ минатата година и знаеме дека милиони други ќе бидат возбудени за овогодинешниот специјален настан во Ливерпул“.

„И натпреварувањето Евросонг и Тик-ток нудат меѓународна платформа за откривање свежа нова музика и уметници и, со нетрпение очекуваме да работиме заедно за да создадеме повеќе големи хитови во 2023 година,“ додаде тој.

„Тик-ток“ е партнер и со Visit Liverpool, откако британскиот град беше избран да биде домаќин на натпреварот во име на минатогодишниот победник Украина, каде не може да се одржи поради моментната ситуација.

Апликацијата ќе промовира слотови за автобуси во градот и ќе известува од „Евровизиското село“ – официјалната фан-зона,  од 12 мај од 18:30 часот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content