Земјоделие

Со изградбата на браната Конско решаваме важен проблем за гевгелиските земјоделци,

Почитувани граѓани, почитувани пријатели,
Секогаш им симнувам капа на земјоделците. Земјоделството е исклучително благородна, достоинствена и крајно корисна работа. Колку само грижа, труд и посветеност вложува еден земјоделец во секое зрно семе за да роди здрав плод, кој потоа ќе го ужива некој човек на својата трпеза. Има ли похумано нешто од тоа?
Токму затоа секој труд да се помогне на земјоделството е труд кој не е залуден. Напротив! Добредојден е и потребен.
Големо е денеска задоволството да бидам овде заедно со претседателот Зоран Заев, и да се увериме дека најголемиот инфаструктурен проект во овој регион за изминативе 50 години, се одвива со одлично темпо.
Пред неполни две години, јас како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и господинот Заев како премиер во Владата, бевме овде и го означивме почетокот на изградбата на браната Конско, капитален проект кој значи решавање на проблемот со наводнувањето на земјоделските површини, најголемиот проблем на земјоделците од овој регион.
Завршени се 60 проценти од проектот и до крајот на оваа година се очекува комплетно да заврши изградбата на браната.
Решаваме многу важен проблем на гевгелиските земјоделци, но истовремено создаваме услов за развој и за напредок, со оглед на тоа што ни се создаваат можности и за подобрување на водата за пиење, но и за нови извори на електрична енергија.
Создаваме услови нашите земјоделци да бидат конкурентни на европските и светските пазари, бидејќи ќе имаат пониски производствени трошоци, ќе имаат навремено снабдување со вода за наводнување во текот на сезоната, што многу ќе придонесе за зголемување на производството и конкурентноста.
Преку оваа брана обезбедуваме вода за наводнување на 8.000 хектари плодни земјоделски површини од овој регион. Сегашната површина е само 1.500 хектари. 6 и пол илјади хектари повеќе земја!
Направивме многу за земјоделството за кратко време и горд сум на тоа. Но можеме уште повеќе и можеме уште подобро. Во новиот мандат имаме големи планови за македонското земјоделство.
Нафтата што се користи за земјоделска механизација ќе биде 100% покриена од државата како поддршка за земјоделците. 100% покриена зелена нафта!
Земјоделците годишно ќе добиваат 200 милиони евра за нивната дејност и за рурален развој, а во руралните средини ќе ги подржиме микро и малите претпријатија со по 10.000 евра за нивно развивање.
Мораме да одиме напред. Во големото друштво на Европската Унија мора да си го најдеме нашето место. А земјоделството е една од гранките што носи такви предности. Она што ќе не направи достојни за тоа друштво и она што ќе ни даде вредност, ќе не направи различни.
Затоа добива, и допрва ќе го добива вниманието што го заслужува од нашата влада.
Придобивките од браната Конско ќе се видат и надвор од земјоделството. Капацитетите е бидат искористени и за редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за производство на електрична енергија, но и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското езеро.
Овој нов капацитет ја зголемува и рекреативната понуда во гевгелиско – валандовскиот крај. Се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива вода на Кожув. Гевгеличани на само 20 километри од градот ќе имаат одличен простор за дружење и рекреација.
Убавите работи се за човек да им се израдува. Да прослави. Да наздрави.
Со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ни следат уште многу убави работи и плодни години.
Ќе одиме напред. Можеме!

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content