Здравје

Ковид-19 во 24 часа: 11 починати, 185 новозаразени, 41 оздравени – направени 1 364 теста

Од починатите 11 лица, осум се од Скопје, и по еден пациент од Куманово, од Штип и од Тетово

Единаесет лица починаа како последица на ковид-19, 185 лица се новодијагностицирани, а 41 се оздравени, е билансот од состојбата со коронавирусот во земјава во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица: пациент на 53-годишна возраст примен на 17 јуни, пациент на 66-годишна возраст примен на 5 јуни, пациент на 67 години примен на 15 јуни, пациентка (65) примена на 10 јуни, пациентка (73) примена на 9 јуни, пациент (62) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65) примена на 13 јуни и пациент на 76 -годишна возраст.

Во општата болница во Куманово почина пациент (78) хоспитализиран на 12 јуни. Во болницата во Штип почина пациент (63) примен на 18 јуни и во Тетово почина пациентка (62), потврдена позитивна на 17 јуни.

Во последните 24 часа се направени 1 364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19: Скопје-96, Струга-20, Дебар-18, Тетово-14, Ресен-8, Охрид-7, Штип-4, Кичево-3, Куманово,Велес, Битола, Кавадарци, Гостивар и Свети Николе по 2 и по еден случај во Прилеп, Крива Паланка и Пробиштип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент од: Скопје-29, Штип и Велес по 4, Тетово-2, и по еден во Гостивар и Куманово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5 005, на оздравени пациенти е 1 904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 868. Дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 2440, активни 1653
•       Куманово 680, активни 229
•       Дебар 81, активни 29
•       Штип 264, активни 207
•       Прилеп 231, активни 18
•       Тетово 515, активни 316
•       Струга 169, активни 90
•       Велес 164, активни 32
•       Битола 38, активни 9
•       Охрид 98, активни 79
•       Кавадарци 11, активни 6
•       Гостивар 81, активни 54
•       Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 10, активни 7
•       Крива Паланка 11, активни 5
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 5, активни 2
•       Кочани 59, активни 26
•       Пробиштип 12, активни 10
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 2
•       Свети Николе 14, активни 12
•       Кичево 8, активни 5
•       Ресен 57, активни 56
•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените се 1 364 теста и тоа преку: ИЈЗ –576, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена –88, Биотек –160, Систина со PCR метода –165, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -184 и Судска медицина-3. Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид -19.

Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content