СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Google укина 36 штетни апликации – избришете ги веднаш ако ги имате

Google неодамна објави листа со апликации кои беа достапни во Google Play продавницата, откако беше објавен извештај дека содржат скриен штетен софтвер што се користи за злоупотреба на личните податоци.

Станува збор за 36 апликации кои ги кршат правилата за заштита на приватноста, ги „напаѓаат“ корисниците со реклами и оневозможуваат деинсталирање така што ги кријат своите „икони“ на екранот.

Важно е да се нагласи дека сите потекнуваат од истиот тим девелопери, а безбедносната проверка ја „заобиколиле“ со тргање на рекламите од изворниот код на апликацијата.

Поголемиот дел од овие апликации со малвер се поврзани со камерите, филтрите за фотографии или програмите за „разубавување“.

Ова е конечната листа на укинати апликации кои веќе се тргнати од Google Play.

Yoroko Camera, Solu Camera, Lite Beauty Camera, Beauty Collage Lite, Beauty & Filters Camera, Photo Collage & Beauty Camera, Beauty Camera Selfie Filter, Gaty Beauty Camera, Pand Selife Beauty Camera, Catoon Photo Editor & Selfie Beauty Camera, Benbu Selife Beauty Camera, Pinut Selife Beauty Camera & Photo Editor, Mood Photo Editor & Selife Beauty Camera, Rose Photo Editor & Selfie Beauty Camera, Selife Beauty Camera & Photo Editor, Fog Selife Beauty Camera, First Selife Beauty Camera & Photo Editor, Vanu Selife Beauty Camera, Sun Pro Beauty Camera, Funny Sweet Beauty Camera, Little Bee Beauty Camera, Beauty Camera & Photo Editor Pro, Grass Beauty Camera, Ele Beauty Camera, Flower Beauty Camera, Best Selfie Beauty Camera, Orange Camera, Sunny Beauty Camera, Landy Selfie Beauty Camera, Nut Selfie Camera, Rose Photo Editor & Selfie Beauty Camera, Art Beauty Camera-2019, Elegant Beauty Cam-2019, Selfie Beauty Camera & Funny Filters, Selfie Beauty Camera Pro и Pro Selfie Beauty Camera.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content