Политика

Димитров: Граничниот премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион

Премиерот Оливер Спасовски и министерот Никола Димитров во рамки на настанот посветен на Иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, го посетија граничниот премин Маркова нога – Лемос, информирајќи за активностите поврзани со имплементација на проектот за отворање на тој значаен меѓуграничен премин.

Идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион, изјави министерот во Министерството за надворешни работи Никола Димитров за време на денешната посета на Преспа.

Тој посочи дека пандемијата предизвикана од Ковид-19 го намали интензитетот на активностите, но идниот граничен премин сепак ќе биде отворен.

-Идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос го почнавме со првата Спогодба што ја потпишавме со соедна Грција по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Таа Спогодба е потпишана на македонски јазик, на грчки и на англиски јазик, ратификувана од парламентите и тука е правниот основ. Имаше едно забавување заради промена на власта во Атина, потоа двете комисии заседаваа во јануари и беа усогласени протоколите на експертските групи. Исто така беше планиран состанок во Солун на 18 март, каде требаше да се усвои целиот план, и до крајот на годинава ја планиравме патната инфраструктура, плановите за објектите, геодетските анализи и еколошките елаборати да бидат изготвените. Според анализите, можно е цела реализација да се заврши за две години, појасни Димитров.

Нагласи дека идниот граничен премин е важен за локалното население, за развој на туризмот и еконономијата, тоа е шанса да заживее, како што рече, целиот овој прекрасен Преспански регион, а за  луѓето кои што тука живеат граничниот премин ќе значи зближување. 

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content