Политика

Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори, силно и посветено ќе работи на враќање на македонското национално достоинство

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на листата за пратеници во Изборната единица 4, Александар Николоски, денеска во вестите на Алфа телевизија, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ после парламентарните избори во јули, ќе покаже како се враќа македонското национално достоинство и како економски се обновува Македонија.
Нашата цел е да го обновиме и Прилеп и цела Македонија затоа што за жал во овие три години видовме пустош, а во повеќе од 5 години политичка криза гледаме газење на основната гордост на македонскиот народ и на Македонецот, пред се поврзана со националните прашања, истакна Николоски.
Тој во однос на договорот од Преспа појасни дека тоа е срамен договор којшто гази врз македонското достоинство, договор со кој се погази македонскиот национален идентитет иако не убедуваа дека идентитетот е бетон, вели Николоски и додава дека таа оставштина на Зоран Заев и на Никола Димитров и на сите останати коишто стојат зад ова срамно предавство, ќе им остане за цел живот.
-Силно и посветено ќе работиме на враќање на македонското национално единство кое што во овие три години е погазено, и тоа е еден од основните постулати на коишто ќе се насочиме, затоа што возможно е да бидат решени, изјави Николоски.
Николоски во однос на денешниот јубилеј на партијата рече дека е навистина еден голем јубилеј за ВМРО-ДПМНЕ, 30 години од возобновувањето на ВМРО, со надеж за многу јубилеи во иднина.
-Сакав да дојдам тука во Прилеп заради тоа што првиот Конгрес на возобновеното ВМРО-ДПМНЕ е токму овде во Прилеп во 1991 година, на овој начин сакав да оддадам почит на основачите, на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, на идеолозите и на оние коишто го направија ВМРО-ДПМНЕ и дозволија да таа идеја живее овие 30 години, вели Николоски.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content