Спорт

Македонските ракометари против Данска, Швајцарија и Финска на патот до ЕП 2022

Македонската ракометна репрезентација доби тешка група во квалификациите за Европското првенство во 2022 година во Унгарија и Словачка, откако во нашата група се светскиот шампион Данска, и старите познаници Швајцарија и Финска.

Добра вест е тоа што првопласираната и второпласираната репрезентација во групата добиваат виза за Евро 2022, додека четири најдобри од третопласираните исто така влегуваат на натпреварувањето.

Македонија почнува во ноември со домашниот дуел со Финска и гостувањето кај Швајцарија, два натпревари кои можат да бидат клучни, по што во март 2021 следуваат двете пресметки со Данска. Во април гостуваме кај Финска, додека во јуни е последното коло против Швајцарија.


Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content