СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Утре започнуваат уписите во државните средни училишта. Запишувањето ќе се врши на 16, 17 и 18 јуни, по азбучен ред според презимето на кандидатот

Запишувањето во средните училишта во Општина Прилеп ќе се реализира во термините 16, 17 и 18 јуни од 07 часот до 19 часот, а на 19 јуни од 07 часот до 13 часот, информираат од прилепските средни училишта.

Запишувањето според Протоколот на Министерството за образование и наука за упис на учениците оди по следниот редослед, ПО АЗБУЧЕН РЕД НА ПРЕЗИМЕТО и тоа:

– на 16 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од А до Ѕ;

– на 17 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од И до П;

– на 18  јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од Р до Ш;

– на 19 јуни сите ученици кои поради различни причини не успеале да се запишат во претходните три термини, без разлика на презимето.

При уписот строго ќе се почитуваат правилата според Уредбата на Владата на Република Северна Македонија со обврзно  носење на заштитни маски и држење на растојание од 2 метри.

Пријавата за упис ќе биде доставена до секој деветтоодделенец во неговото училиште при доделувањето на сведителствата за завршено деветто одделение.

Пријавата треба да биде потполнета од страна на ученикот и заедно со сведителствата за

VI, VII, VIII и IX одделение, извод од матичната книга на родените и диплома за највисоко освоено место на државни и меѓународни натпревари.

Комплетните документи ги доставува самиот ученик или во оправдани ситуации на негово отсуство еден од родителите или старателите, се вели во писменото известување од страна на директорите на средните училишта во Општина Прилеп.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content