СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Цело време сме биле во заблуда: Косата не побелува само од староста, има уште една причина

Ако сте забележале дека ви побелува косата, единствена работа која што треба да ја направите е да се опуштите.

Имено, научниците откриле дека не е во прашање стареењето, туку стресот. Научниците откриле дека келиите кои што се задолжени за пигментот кој им дава боја на нашата коса, исчезнуват кога телото и хормоните се изложени на стрес.

Истражувањето не направено врз глувци и покажало дека влакната на животните почнале да побелуваат оној момент кога биле изложени под стрес.

За жал оние кои што ја изгубиле бојата на косата, келиите кои што го создаваат пигментот не можат да се регенерираат, така што коста останува побелена.

Веруваме дека освен ваков го имате и проблемот со масна коса, во прилог на тоа нудиме неколку совети со кои ќе го избегнете и овој проблем:

Ја миете косата со врела вода

Не велиме дека треба да ја миете со студена, но претоплата вода го оштетува скалпот и испраќа сигнал до жлездите да лачат уште повеќе маснотии. Најдобро е да ја измиете косата со млака вода.

Ја миете косата секој ден

Нема да се ослободите од мрсната коса ако ја миете секој ден, всушност, тоа само дополнително ќе го стимулира лачењето на маснотиите. Секојдневното миење го суши скалпот, со што косата станува уште помасна.

Претерувате со регенераторот

Тој треба да се користи внимателно и не треба да се нанесува на скалпот. Сè што ви треба е мала количина за масажа на врвовите, а потоа добро исплакнете со млака вода.

Претерувате со производи за стилизирање на косата

Производи како лак или гел за коса ќе помогнат во стилизирање и фиксирање на вашата фризура, но поради хемикалиите во нив, вашата коса ќе се измасти многу побрзо.

Не ја миете четката за коса

Четката за коса што ја користите секој ден исто така може да биде една од причините за мрсна коса. Ако не ја миете редовно, на неа се акумулираат слоеви на нечистотија кои остануваат во косата.

Постојано ја допирате косата

Ако постојано поминувате со прстите низ косата, треба да ја промените таа навика што е можно поскоро. Рацете се валкани и често се испотени, па сè на нив останува на косата и ја прави мрсна.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content