СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Ауди’’, без регистарски таблички, удри во деветгодишно дете на велосипед кај с. Дебреште

Автомобил удри во малолетен велосипедист и му нанесе тешки повреди. Имено, вчера во 13.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на влезот за с.Дебреште, К.Т.(21) од с.Дебреште, со „ауди“ без регистарски ознаки, удрил во деветгодишно дете кое возело велосипед.

-По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, стои во соопштението на полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content