СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

По еден новозаболен во Прилеп и во Црнилиште, каде почина и 72-годишна жена

Еден новозаболен во Прилеп и еден од селото Црнилиште, општина Долнени, се денеска регистрираните нови случаи заразени од корона вирусот, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје Како последица на коронавирусот, почина 72 годишна жена, жител на Црнилиште, општина Долнени.

Од заразната болест оздравеле четири лица. Сега, во Прилеп се 23 активни случаи, од кои 18 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување.

На инфективното одделение во прилепската болница се  хоспитализирани три лица позитивни на коронавирусот. На четири лица, сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во Прилеп моментно во самоизолација се наоѓаат 54 лица.

Секодјневно се зголемува бројот на изречените прекршочни пријави за граѓаните кои не носат заштитни маски. Вчера на 30 граѓани им се изречени прекршочните пријави.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content