СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

„Ко на панаѓур“-со подвиткани фармерки министерката за култура на богослужба во Ерусалим

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска со подвиткани фармерки кај глуждот и патики денес беше на богослужба во храмот на Воскресение во Ерусалим. Таа нема ниту шамија на главата, која е задолжително нешто во свет храм во Ерусалим. Министерката не ги запази протоклите на облекување и она што го налагаат светите канони во православието.

До неа пак, е и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој внимавал на облеката. По објавата на фотографијата имаше многу негативни коментари за фармерките на Костадиновска-Стојчевска: Кај ојш чупе море по фармерчиња. Цапари на панаѓур ли?-е само еден од многуте коментари.

Денс со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим.  На  богослужбата чиноначалствуваше патријархот ерусалимски Теофил со архиереите на Ерусалимската патриаршија.

На богослужбата присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф кој ја предводи црковната делегација.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content