СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилеп: Нема нови случаи на Ковид 19 , двајца пациенти оздравеле

Во општина Прилеп денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица, информираат од Општина Прилеп.

Бројот на активни случаи изнесува 25, од кои 20 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување. Вкупниот број на заболени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата изнесува 218.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус, додека на две лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 28 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 48 граѓани им биле изречени прекршочни казни.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content