СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилеп : Едно новозаболено , двајца оздравени и едено починато лице од Ковид 19

Во општина Прилеп денеска има еден новозаболен од коронавирус, двајца пациенти оздравеле од заразната болест, а едно лице на возраст од 84 години, почина. Бројот на активни случаи изнесува 28 , информираат од прилепската локална самоуправа.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 5 лица позитивни на коронавирус.

Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а заради неносење заштитни маски, на 15 граѓани им се изречени прекршочни казни.

На ниво на држава, во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. По градови состојбата е следна:

– Скопје 59
– Куманово 12
– Штип 7
– Прилеп 1
– Тетово 5
– Струга 6
– Велес 1
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 3
– Кочани 3
– Пробиштип 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.
– Тетово 8
– Велес 2
Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content