СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Пукано кон стражарницата на прилепската касарна „Мирче Ацев“, привени две лица

На 30.05.2020 околу 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека од патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј.(33), а сопатник бил Д.П.(31), двајцата од Прилеп, било пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“.

Полициски службеници презеле мерки и возилото и лицата биле пронајдени и лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content