Локално

ГРАДИНКИТЕ ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИ, немало да се брза со нивно отворање

Во однос на почетокот со работа на градинките ќе се запази динамичкиот план што веќе е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Веќе почнуваат да се отвораат и уписите за тие деца кои не се запишани и тие што навистина нема каде да ги носат децата, а тоа оди паралелно со оној процес на враќање тогаш кога ќе се одлучи, односно тогаш кога ќе бидат отворени  за вработените. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме со градинките, нагласи Филипче.

Филипче потенцира дека апсолутно е дозволено родителите на деца до 10 години да не одат на работа се до отворање на градинките.

Тие имаат апсолутно легитимно право да не одат заради тоа што мора да ги чуваат децата, а секој прекршок би требало да се санкционира  преку инспекторатите,  потенцира Филипче.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content