СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилеп: Утре почнува скринингот за вработените во градинките

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека од утре, четврток 28 мај, започнува таргетираниот скрининг за вработените во градинките на територија на општините Прилеп, Крушево, Македонски брод и Кривогаштани. Тестирањето се спроведува со посебен протокол, а земањето на материјалите ќе се организира по теренски принцип, односно со земање на терен во објектите на градинките, согласно нивниот план и во договор со установите. Закажувањето е преку системот „Мој термин“. Тестирањето ќе трае два дена, четврток и петок, при што ќе бидат тестирани околу 230 вработени во градинките.

Земените материјали се доставуваат до вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, со цел паралелно на овој процес да се изготви протокол за работа на градинките и тие да се стават во функција.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content