Локално

Во Прилеп денеска е регистриран еден нов случај на Ковид 19

Во општина Прилеп денеска има еден нов случај на заболен од коронавирус, а Центарот за јавно здравје не регистрирал новооздравени од оваа заразна болест .

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 14 лица, од кои 12 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти кои се негативни на КОВИД-19 .

На ниво на држава ,денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.

– Скопје 11
– Куманово 4
– Тетово 1
– Велес 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.
Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 14
– Куманово 2
– Штип 4
– Прилеп 1
– Тетово 2
– Струга 1
– Велес 1
Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

 

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content