Локално

Прилеп: Втор ден по ред нема нови заболени од Ковид 19

Во општина Прилеп денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, како ни новооздравени од оваа заразна болест, информираат локалните власти.

Вкупниот број на активни случаи изнесува 46, од кои 28 лица се наоѓаат на домашно лекување.

Во самоизолација се наоѓаат 72 лица.

За време на продолжениот викенд, регистрирани се две нарушувања на полицискиот час, велат од Општина Прилеп.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content