СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Направете највкусна туршија

Време е за туршија, направете ја највкусната за која сите ќе ви завидуваат.

 

 

 

СОСТОЈКИ:

  • 13 кг. пиперки
  • 2 кг. моркови
  • 2 главици карфиол
  • 1 кг. кромид
  • 20 л. вода
  • 5 л. оцет
  • 40 лажици сол
  • 20 лажици шеќер
  • 5 кеси винобран од 10гр
  • 5 кеси конзерванс од 5 гр
  1. Се мијат пиперките, им се сечат дршките, се боцкаат со виљушка на две три места.
  2. Се мие морковот и се сечат краевите, но не се лупи.
  3. Се лупи кромидот и се мие, па се двои карфиолот и се мие секој цвет, па се реди во буре пиперки, моркови, кромид и карфиол.
  4. Се мешаат во шерпа вода, оцет, сол, шеќер, винобран и конзерванси, се остава да се растопат и соединат.
  5. Се ставаат и тие во буре.
  6. Се притиска со чинија убаво и се затвара.
  7. Нека стои додека не се скисели.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content