Здравје

ВЕЧЕРВА ЌЕ СЕ ПИШУВА ИСТОРИЈА: Во моментов се прави подготовка за првата трансплатација на срце кај нас

Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја, напиша на Фејсбук министерот на здравство Венко Филипче.

-Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација, напиша Филипче.

Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи.

-Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пациентот, напиша Филипче.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content