Култура

ПОЧНУВА НОЌНИОТ ЖИВОТ, ама во соседството – ние уште чекаме датум!

Почнува ноќниот живот, сплавовите, клубовите и свадбите…, оваа вест Србите ја дочекаа со радост. Но сепак постојат ограничувања. Бројот на граѓани кои можат да се соберат на јавно место во отворен или затворен простор е зголемен од 50 на двојно повеќе, што после повеќе време овозможува организирање на прослави, секако со примена на превентивните мерки за заштита од коронавирусот, како што се носење заштитни маски и ракавици.

Ова значи дека во соседството наскоро би можеле да се организираат и помали свадби, со до 100 гости, како и разни прослави, родендени, кршевки, а повеќето угостителски објекти, односно сплавови и ноќни клубови веќе најавија дека стартуваат со работа од почетокот на јуни.

Кај нас, за жал, иако неколку пати беше најавено олеснување на мерките и отворање на угостителските објекти се уште нема најава дека ќе може барем едно кафе да се испие на некоја од летните тераси во кафулињата.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content