Локално

Во Прилеп денеска двајца новозаболени и еден оздравен од Ковид 19

Во општина Прилеп денеска има двајца новозаболени и едно оздравено лице од коронавирус , информираат од локалната самоуправа.

Во самоизолација се наоѓаат 85 лица .

Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час, а во изминатите два дена против 10 лица се поднесени прекршочни пријави заради неносење заштитни маски. Со новите податоци , во Прилеп од почетокот на епидемијата ,вкупниот број на дијагностицирани со Ковид 19 изнесува 206 од кои активни во моментов се 56 .

Во земјава пак , во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 702 тестови.

По градови:

Скопје – 24
Куманово – 4
Тетово – 4
Прилеп – 2
Неготино – 1

Со ова бкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 1921.

Истовремено, 9 пациенти се излекувани, а не е регистриран ниту еден смртен случај.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content