Локално

Прилеп: Од вторник повторно почнува да функционира јавниот градски превоз

Јавниот градски превоз при ЈП за ПУП Прилеп, во координација со Општина Прилеп, ги информира сите корисници на јавниот градски превоз дека од вторник, 26-ти мај, ќе почне да сообраќа по вонредната неделна линија на секој час, информираат општинските власти.

Во продолжение прочитајте го возниот ред:

Почетно тргнување од Салида и трло Варош во 06:30, 07:30, 08:30, 09:30, 13:30, 14:30, 15:30, 16:30 и 17:30 часот, кога ќе биде и последното тргнување.

За време на функционирањето на јавниот градски превоз, ќе бидат запазени сите препораки на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести .

Напоменуваме дека согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од Ковид-19, нема да важи бесплатниот превоз за ученици, како и бесплатниот превоз за возрасни лица, жени со 62 години и мажи над 64 годишна возраст, велат од ЈП за ПУП Прилеп.

Исто така, потенцираат дека секој патник кој сака да го користи јавниот градски превоз, е должен да носи заштитна маска.

Јавниот градски превоз во Прилеп беше укинат на 21 март , како една од превентивните мерки во заштитата од епидемијата со Ковид 19.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content