Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената пресуда во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош, при што ја потврди едногодишната затворска казна за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за кривичното дело бесправно градење – соопшти Кривичниот суд Скопје.

– Второстепениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот јавен обвинител, донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25, според која пресудата против обвинетиот С. Ј., поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело бесправно градење од чл. 244-а ст. 1 од КЗ, за што му е утврдена казна затвор во траење од 1 година, СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19.3.2019 до 15.8.2019 година – стои во соопштението од Кривичниот суд.

Во изречената казна ќе биде пресметано и времето што обвинетиот го поминал во куќен притвор во периодот од 19 март до 15 август 2019 година.

Во однос на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 ст. 4 вв ст. 1 вв чл. 45 од КЗ, жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење.

– Во однос на ова кривично дело, со оглед што тоа е сторено во периодот од 2011 до 2017 година, предвидената казна е од три до пет години, па во согласност со одредбите за застарување, тоа би застарело во 2027 година – дополнуваат од таму.

Во делот за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, Апелацискиот суд ја уважил жалбата на обвинетиот и предметот го вратил на повторно судење. Според судското соопштение, делото се однесува на периодот од 2011 до 2017 година, а во согласност со законските рокови, кривичното гонење би застарело во 2027 година.

Одлуката се однесува и на второобвинетиот Т. Ѓ. за кого Апелацискиот суд ја укинал условната осуда изречена во прв степен и предметот го вратил на повторно постапување.

Од таму појаснуваат дека укинатиот дел од предметот ќе биде распределен кај нов судија бидејќи досегашниот не е веќе распоредeн во Одделот за организиран криминал и корупција, а делот во кој е потврдена затворската казна ќе биде доставен до судија за извршување санкции.

Основниот кривичен суд Скопје во април лани му изрече вкупна казна затвор од три и пол години на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за бесправно градење (една година) и злоупотреба на службената положба (три години) поврзани со изградбата на општинската зграда во Карпош.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content