Локално

Јованоски: Субвенциите за инвертор клими и велосипеди се префрлени на сметките од граѓаните

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски ја информираше јавноста дека средствата за субвенционирање на инвертор клими и велосипеди се исплатени на оние што аплицираа.

„Сакам да ја известам јавноста дека во текот на вчерашниот ден, ги потпишав налозите за исплата на средствата за субвенционирање на инвертор клими и велосипеди.

Тоа значи дека, на сите граѓани кои ги исполнија условите пропишани со Јавниот повик, средствата им се префрлени на нивните трансакциски сметки“, истакна Јованоски.

Согласно јавниот повик, за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уред-инвертори, поднесени беа 335 барања, од кои одобрени се 307. Додека, за субвенционирање на набавка на велосипеди, пристигнаа 315 барања, од кои одобрени беа 305.

„Причина за неприфаќање на 28 апликации за клими и 10 за велосипеди, е неисполнување на критериумите и условите од јавниот повик и Правилникот за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на клима уреди и велосипеди. Со издвоените 4.500.000 денари од буџетот на општината, директно придонесовме за заштеда на средства од семејниот буџет на 612 семејства од нашата општина“, изјави прилепскиот градоначалник.

Покрај финансиските придобивки за граѓаните, според Јованоски, со издвоените буџетски средства се придонесува за поткревање на јавната еколошка свест и совест, како и за заштита на животната средина во нашата општина.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content