Многу блиску сме до одлука сами да го градиме „Чебрен и Галиште“, вели премиерот

“Една од иницијативите што ја имаме е сами како држава да го градиме целиот тој комплекс на централи на реката Црна над постојната Тиквеш, во јавноста познат како проект ‘Чебрен и Галиште’. Направивме пресметки и цениме дека ова е стратешки проект не само за Македонија како држава туку и за регионот“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставување камен-темелник на доградба на училиште во Ѓорче Петров.

Досега, вели, имало многу неуспешни тендери, обиди за приватни партнерства, процеси поврзани со многу сомнежи.

„Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека в година ќе ставиме камен-темелник на овој, би рекол, историски проект. Има многу причини за кои верувам и јас и колегите во Владата и во компанијата АД ЕСМ, поранешна ЕЛЕМ, дека треба да се обидеме, народски кажано, да стиснеме заби да го изградиме сами овој проект. ​Имајќи ги предвид климатските промени, убеден сум дека не само на Македонија како држав, туку и во регионот ќе им требаат два резервоари за пивка вода. А токму тие се тие акумулации, таков тип на резервоари, така што производството на електрична енергија можеби и не е примарен предизвик, можеби терцијален или четврти по ред“, рече премиерот Мицкоски.

​Тој додаде дека овие количини вода, имајќи предвид оти од постојната хидроцентрала „Тиквеш“ се наводнуваат некаде речиси 60 илјади хектари земјоделско земјиште, а фармерите од тој регион најмногу се занимаваат со производство на грозје, на вино… само може да го помогнат тој процес, па дури потоа да се зборува за производство на електрична енергија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content