Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка

Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка – еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството.

На расправата учествуваа експерти од областа на граѓанското процесно право, универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции, стручната јавност и граѓанскиот сектор, кои ги споделија своите мислења, предлози и забелешки за предложените законски решенија. Во текот на дискусијата, голем број експерти, професори, судии и адвокати ја истакнаа важноста на предложените решенија и позитивно го оценија Предлог-законот како значаен исчекор кон поефикасен и помодерен систем на граѓанска правда.

Предлог-законот носи современи решенија насочени кон модернизација на судските постапки, поголема ефикасност на судовите и зајакнување на правната сигурност на граѓаните.

– Поефикасно и поквалитетно водење на судските постапки
– Поголема улога на судот во утврдувањето на фактичката состојба
– Целосна дигитализација преку електронска достава и можност за одржување расправи по електронски пат
– Забрзување на постапките во споровите од мала вредност
– Попропорционални и пофер глоби во постапките
– Воведување претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права

Предложените решенија се усогласени со повеќе системски закони и претставуваат важен чекор кон создавање модерен, функционален и ефикасен правосуден систем.

Министерството за правда останува посветено на инклузивен и транспарентен реформски процес, во кој стручната дебата и придонесот на експертската јавност се од суштинско значење за донесување квалитетни законски решенија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content