Локално

Градскиот пазар во Прилеп повторно ќе работи и во сабота

Оваа сабота од 7 до 15 часот ќе биде отворен  Градскиот пазар, кој досега работеше од понеделник до петок, при што ќе бидат применети сите превентивни и заштитни мерки од коронавирусот, информираше на денешната прес конференција прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

“Што се однесува до примената на мерките за заштита од коронавирусот, сакам да ги информирам граѓаните на општина Прилеп дека оваа сабота, се отвора  Градскиот пазар. Работното време на пазарот во сабота ќе биде од 7 до 15 часот, со примена на протоколите за заштита од вирусот КОВИД-19, изјави Јованоски.

Градскиот пазар во Прилеп, како една од превентивните мерки од Коронавирусот, не работеше во саботите повеќе од еден месец .

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content