Локално

Прилеп: Еден починат , еден новозаболен и четворица излекувани од Ковид 19

Според последните податоци од Министерството за здравство , во Прилеп денеска е регистриран еден нов случај на Ковид 19 , четворица оздравеле но , за жал еден наш сограѓанина ја загуби битката со болеста,станува збор за 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од 12 мај . Со новите податоци , во Прилеп од почетокот на епидемијата ,вкупниот број на дијагностицирани со Ковид 19 изнесува 204 од кои активни во моментов се 55 .

На инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 16 лица, од кои 14 се позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content