Ангелов: Поранешни вработени во полицијата и армијата ќе помагаат во гаснењето на пожарите ширум Македонија

Ќе побарам и полицајци, уште јавно немам објавено, ексклузивно кажувам во вашата емисија, пензионирани полицајци или лица кои на друг начин ја напуштиле полицијата или армијата кои ќе ракуваат со водните пумпи, оние пумпи со кои се прска изгорената површина. За да немаме побарување кон локалните пожарникари бидејќи минатото лето на таа позиција стававме искусни пожарникари, но верувам дека после интензивната обука која ќе ја направиме и по учеството во помали, понеризични пожари, тие самите ќе стекнат одлично искуство да го работат тоа, истакна Стојанче Ангелов во „За или против“ на Алфа.

Посочи дека освен пензионирани, ќе можат да се приклучат и поранешни вработени од полицијата и АРМ кои по друг основ ги напуштиле службите.

-Нека дојдат, нека помогнат на татковината и нека заработат некоја пара која воопшто нема да биде за потценување, рече Ангелов.

Рече дека овие две години имаат набавено повеќе од 30 противпожарни возила и бројот на пожарникари е зголемен.

-Пожарите ќе почнат, но имаме доволно капацитети, не треба да се шири паника. Било каков и тежок пожар, ако се неколку пожари, ние немаме проблем како држава ќе пратиме неколку противпожарни единици, ќе го збришат за неколку часа или за неколку дена. Проблемот е кога ние, паметам имавме 66 пожари во исто време на отворен простор, минатото лето по 45-46 пожари. Веќе околу 10-ти јуни секоја година почнуваат сериозни пожари иако бројката е уште мала. Но ние овој период откако ќе склучат договор овие луѓе кои на различни начини ја напуштиле полицијата и армијата, сите тие ќе задолжат свои возила и ќе имаме многу подобра ситуација кога одреден човек должи одредено возило и тогаш тие многу добро ги познаваат затоа што се работи за возила кои имаат свои специфики, рече Ангелов.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content