СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Охрид, Струга, Ресен и Дебар немаат струја речиси цел ден

Градовите Охрид, Ресен, Струга и Дебар речиси цел ден се без електрична енергија, поради дефект во високонапонската мрежа на преносникот „МЕПСО“, потврдија за Алфа од компанијата.

Граѓани на овие градови од југозападниот дел на земјава, кои се грејат на струја, се пожалија дека смрзнувале поради нечија негрижа.

Дополнителни главоболки им создаде и снегот кој од синоќа почна да паѓа во Струга и струшко, и предизвика проблеми во снабдувањето со струја. Стружани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од бандери кои и не паднале, а каблите кои висат претставуваат сериозна опасност за граѓаните. Тие апелираат надлежните веднаш да излезат на терен и да ги санираат состојбите.

Колапсот на електро мрежата предизвика потешкотии и во мобилната телефонија и интернетот.

Од „ЕВН“ за Алфа велат дека проблемот не бил до нивната дистрибутивна мрежа, туку прекин имало кај државната „МЕПСО“. Од таму пак велат дека во дефект се 110 киловолтните далекуводи на „МЕПСО“, „Вруток-Шпиље“ и „Битола-Ресен“. Екипите на државниот преносен систем оператор „МЕПСО“ се на терен за санирање на дефектите при отежнати временски услови.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на државата е големото количество снег, што предизвика и прекин на повеќе патни правци. Граѓани реагираат дека патот од Гостивар према Маврово биле целосно затрупани, патот бил непрооден, и капак на се било немањето струја, остро реагираат граѓаните зашто институциите спијат, а патиштата се блокирани.

На планината јабланица има отсечени семејства поради големите нанноси на снег

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content