СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Преку 2.500 танчери ќе танцуваат на Европското првенство во танци во Ист гејт мол

Ако мјузиклите за џубокс доаѓаат во бранови, вчера Скопје доживеа значителен наплив. На уникатен пристап, истовремено забавен и задоволувачки, во Ист гејт мол, хип хоп танчери ја покануваа публиката да креира сет-листа, по желба на секој гостин, а за тоа време тие играа. Несомнено е дека уживаа и едните и другите.

Ова вистински интерактивно искуство беше најава за Европското првенство во танци 2022 кое ќе се оддржи од 2 до 5 јули во Ист гејт мол и СЦ Јане Сандански.

Почетокот на месец јули, Скопје ќе биде центарот на Европа и место за собирање, поврзување и размена на голем број македонски и странски хип-хоп артисти од светот на танцот, графитите и многу други улични уметности.

Во четиридневната богата агенда на Европското првенство во танци 2022, љубителите на уличната култура ќе уживаат во бројни креативни и интерактивни настани и работилници, а се очекуваат и многу изненадувања.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content