СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Двајца новозаболени од Ковид 19 и шест оздравени денеска во Прилеп

Во општина Прилеп денеска има двајца новозаболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле 6 лица.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица, од кои 16 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, од нив двајца се негативни на КОВИД-19, а на едно лице му е земен брис и се чекаат резултати. Според  Татјана Мургоска Стимировиќ, епидемиолог во прилепскиот Центар за јавно здравје, новозаболените лица се контакти на веќе постоечките регистрирани кластери во градот.

Вкупниот број на активни случаи изнесува 59, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 20 на болничко лекување .

Во самоизолација се наоѓаат 158 лица .

Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час.

На ниво на држава , денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Оздравените пациeнти се од: Скопје (16), Куманово (10), Прилеп (6), Тетово (15), Велес, Крива Паланка и Валандово – по еден.

Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола.

 

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје (78 г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 г), на болничко лекување од 14 мај.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content