Политика

Мицкоски: Избори на крајот на летото ја намалува опасноста по здравјето на граѓаните

Најпрвин да се заблагодарам на присуството на интересот и да ја искористам оваа прилика од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да им се извинам на сите граѓани во нашата држава што денеска наместо да зборуваме за мерки за превенции за заштита на здравјето на граѓаните, ние зборуваме за избори кои што би го ставиле во опасност и би го загрозиле здравјето на граѓаните посебно во ден кога имаме повторно нови 25 или 26 дијагностицирани, заразени случаи и уште 3 за жал кој што го загубиле својот живот, затоа ќе ми дозволите да ја искористам оваа прилика на сите да им се извинам и навистина жалам што наместо да го направиме нивниот живот поедноставен ние дополнително го оптоваруваме, вели во својата изјава за медиумите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Инаку што се однесува до денешната лидерска средба има втора откако беше воведена вонредната состојба во Македонија, зборувавме околу предизвиците, анализиравме, предлагавме можни датуми и сето она што како ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба го кажавме се водеше од  фактот како можеме да го заштитиме здравјето на граѓаните, како може здравјето на граѓаните да не биде доведено во опасност и како можеме да излеземе што е можно посериозни пред граѓаните во насока на тоа да одредиме дата, а притоа  ризиците да бидат минимални. Се родија многу нови правни дилеми кои што луѓето кои што беа присутни на денешната средба ги eлаборираа, она кое што исто така сакам  да го кажам е ВМРО-ДПМНЕ ја постави дилемата за повторно ажурирање на дијаспората и можноста за гласање бидејќи се ускратува уставно загарантираното право на лицата кои што во меѓувреме од последниот пат до денеска навршиле 18 години  да бидат ажурирани и да можат да гласаат. Поразговаравме отворено за сето она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го антиципиравме, пред нас ги имавме извештаите кои што морам да признаам ме разочараа, а тоа се извештајот од Комисијата за заразни болести каде што во четири точки отприлика беше пренесена сето она кое што го имаме во минатото слушнато, уредбите, растојание од еден и пол до два метри како препорака, да носиме маски, да носиме ракавици, да ги миеме рацете. Прилично неочекувано за мене иако да бидам искрен очекував дека ќе бидат малку подетални, ќе бидат малку повеќе отворени во писанието бидејќи тоа што ни го напишаа дента претходно го слушнавме од неколку политичари од власт и од самиот господин Заев, истакна тој.

Понатаму тука беше дописот кој што го имаше ДИК доставено до претседателот Пендаровски каде што практично  каде што беше  антиципиран можниот роковник на предвремените парламентарни избори. Ако се собере многу лесно се доаѓа до бројката од 35 до 50 дена. И конечно на крај го имавме одговорот на писмото на одговорните од ОБСЕ/ОДИХР кои што велат вака накратко кажано, кажете ни дата ние ќе ви кажеме во колкав обем и колкава мисија можеме да испорачаме, вели Мицкоски.

-Имајќи го сето ова во предвид, но имајќи ги и консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме ги правеше со експерти од земјава и од странство предложивме три термина кога цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку доведено под опасност бидејќи тоа е првата константа која што за сите нас е важна. И тоа се три термина кои што не се фиксни него кои едноставно ќе се доближуваме до тие три термина. И ќе ја анализираме ситуацијата бидејќи ќе ве потсетам на 13-ти март имавме состанок кај Спасовски во Владата каде што на памет не ни паѓаше да зборуваме за одложување на изборите, а 6 дена потоа се тепавме по меѓу себе кој попрв да излезе и да ги одложи тие избори. Така што имајќи го сето тоа во предвид и искуството со кое што до сега настапувавме во јавноста ги предложивме термините на крајот од август и почетокот на септември, односно термините 23-ти и 30-ти август и 13-ти септември. Како термини кои што цениме дека пандемијата ќе го намали интензитетот, се уште граѓаните ќе бидат под определен ризик но имајќи го во предвид актуелното функционирање на институциите, имајќи го во предвид интензитетот на пандемијата некако тоа конвергираше кон оптимален предлог и тој предлог денеска од името на ВМРО-ДПМНЕ го предложив овдека на оваа лидерска средба. Имаше и други предлози и други датуми, од останатите политички лидери имаше своевиден ултиматум од страна на господинот Заев, ние под ултиматуми не работиме, не носиме одлуки така што оној предлог кој што ВМРО-ДПМНЕ го даде т.е. би рекол оние три предлога кои што ВМРО-ДПМНЕ ги даде остануваат предлози кои што цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку тогаш доведено во опасност на сметка на брзи избори, кога броиме десетици новозаболени и мртви, починати речиси секој ден, потенцираше Мицкоски.

Така што еве сосема на крај би сакал уште еднашка да заклучам дека ВМРО-ДПМНЕ има единствен приоритет, а тоа е заштита на здравјето на граѓаните. И уште еднашка ќе го искористам оваа прилика на граѓаните да им се извинам што наместо да зборуваме за олеснување на нивниот живот ,а ние дополнително ги оптеретуваме  со политики и политиканство, подвлече Мицкоски.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content