Економија

Трет пакет економски мерки за граѓаните и стопанството во износ од 355 милиони евра

Платежни картички за купување домашни производи и одмор дома е главниот елемент наменет за граѓаните, во третиот пакет владини мерки во услови на корона криза. Целта на овој пакет е ревитализација на економијта преку зголемување на потрошувачката на домашни стоки и услуги што ќе придонесе за опоравување на домашните капацитети.

Третиот пакет мерки предвидува директна финансиска поддршка. Имено 100.000 граѓани кои имаат плата помала од 15.000 денари, како и неврабнотени или лица кои живеат од минимална плата ќе добијат платежна картичка во вредност од 9000 денари со која ќе можат да купуваат домашни производи или услуги, картичката ќе можат да искористат во рок од еден месец. Мерката чини 16 милиони евра.

Истата категорија граѓани ќе добијат ваучер од 6000 денари за да одат на одмор во некој од домашните сместувачки капацитети што ќе го помогне домашниот туризам погоден од кризата. Овие граѓани ќе добијат и платежни картички за домашни производи во вредност од 3000 денари.

Поддршка ќе има и за младите, студентите и средношколците ќе добијат по 6000 денари како помош за плаќање партиципација или сместување ккао и платежна картичка во вредност од 3000 денари. За младите ќе има и ваучери во врендост од 30.000 денари за обуки за ит вештини.  Оваа мерка ќе опрафти 100.000 лица и чини 12 милиони евра.

Мерката која се однеусва на сите граѓани е ослободување од ДДВ за патувања за викенд, купување бела техника, гардероба, школки прибори, книги….

Пари ќе има и за сите кои останале без работа во период од 11 март до 30 април. Посебна поддршка ќе има за здравствените работници кои директно беа вклучени во борбата со КОвид 19 – ќе добијат за 20% повисока плата преку владините платежни картички за април и мај.

За фирмите предвидени се 125 милиони евра за државна гаранција, поддршка ќе добијат и извозните капацитети, а 31 милион евра се предвидени за нови бескаматни кредити.

За земјоделците предвидени се 76 милиони евра. од нив 4,6 милиони евра се за зелена нафта за 50.000 земјоделци.

За опозицијата мерките не се помош за граѓаните туку еднократен поткуп, стопанството, според ВМРО ДПМНЕ е оставено на чекање до септември.

„СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори со несуштински мерки, кои не даваат резултати, и се само замачкување на очи. Дополнително денес Спасовски, Ангеловска и другите од владата го ставија стопанството на чекање до септември.Стопанството нема да добие никаква помош. Најтешкиот период од кризата стопанството ќе треба да го преживее без помош. Со ова се отвора ризик голем број на фирми да пропаднат, а илјадници работници да останат без работа или со влошена егзистенција. Владата целосно ги промаши временските рокови кога на државата, стопанството и граѓаните им требаа мерки, со што создаде ситуација во која обични мерки не помагаат воопшто. ВМРО-ДПМНЕ алармираше на време, но суетата и надменоста на власта беа преголеми“, стои во реакцијата на опозицијата.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content