СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Берово победи на конкурсот за најеко општина

Општина Берово е победник на конкурсот за најеко општина, објавен од компанијата Пакомак во соработка со невладината организација Балкан еко институт. Од страна на Пакомак и Балкан еко институт, општината ќе добие детски реквизити, како награда и поддршка за сопствените вложувања во екологијата и заштитата на животната средина.

„Како победничка општина, Берово бележи значителни резултати кон еколошки придонеси, како во однос на еко-проектите во текот на изминатата година, така и во однос на соодветно менаџирање на вкупниот генериран отпад, на ниво на општина и унапредување на системот за селектирање отпад“, пишува во соопштението на Општината по повод добиената награда.

Градоначалникот Звонко Пекевски изрази благодарност до „Пакомак“ и „Балкан еко институт“, за тоа што ги препознаваат еколошките вредности на Берово, како примат на еколошка општина и што по вторпат ја доделуваат титулата најеко општина.

„Пригодните награди што се обезбедени, треба да бидат од корист на сите луѓе од заедницата и да нѐ поттикнуваат кон активното учество во борбата за почиста околина, секојдневна грижа и заштита на животната средина и негување на еколошките вредности“, истакна Пекевски.

Берово по вторпат го добива епитетот за најеко општина. Првпат Пакомак ѝ го додели ова признание во 2020 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content