СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

СЗО: Итно треба да го испитаме необјаснетиот синдром кај деца што е поврзан со короната

„Итно и многу внимателно треба да го испитаме необјаснетиот синдром на повеќекратни воспаленија што ги погодува децата“, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Ги повикувам лекарите низ целиот свет да соработуваат со националните власти и со Светската здравствена организација и да бидат на штрек и подобро да го истражат овој синдром што се јавува кај децата“, рече тој.

Стотици случаи на реткиот синдром се пријавени во САД и Европа, со неколку смртни случаи.

Деветгодишно момче почина од овој синдром, кој веројатно е поврзан со коронавирусот, изјави вчера за Си-ен-ен портпаролот на болницата „Тимон Марсеј“.

Си-ен-ен пренесе и дека 135 деца се разболеле од овој синдром.

Исто така, се проценува дека помеѓу 75 и 100 деца во Велика Британија се разболеле од ретка и опасна болест поврзана со ковид-19.

12-годишно дете во Лондон почина од повеќекратен воспалителен синдром што наликува на болеста Кавасаки, а слични случаи се забележани во САД и во Европа.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content