СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Пензионерите бараат да им се олеснат мерките на лицата над 67 години

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од коронавирусот како и за останатото население.

Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е слободно движење со доследно почитување на мерките што ќе важат и за останатото население. На овој начин се дава еднаков третман на возрасните за самостојно живеење и активно стареење како начин за одржување на нивната психофизичка кондиција, наведуваат во соопштение.

Предлогот, како што наведува здружението, е заснован врз барања на голем број на пензионери, посочувајќи дека во државата има над 320.000 корисници на пензија.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content