СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

На денешен ден пред 31 година Македонија стана членка на ОН

На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година.

Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.

Македонија беше примена под привремената референца Поранешна југословенкса Република Македонија поради противењето на Грција.

И покрај тоа, најголемем број од државите во светот, повеќе од 150, ја признаа Македонија под уставното име Република Македонија, меѓу кои и две членки на Советот за безбедност, како Кина и Русија.

Со посредство на ОН, меѓу Македонија и Грција почнаа преговорите за надминување на разликите околу името. Овие преговори завршија на 17 јуни 2018 година во селото Нивици со Преспанскиот договор. Со овој договор Македонија го доби новото име Република Северна Македонија. За оваа промена беше одржан неуспешен референдум на кој македонските граѓани требаше да одговорат дали се за промена на името како услов за членство на земјата во ЕУ и НАТО.

Членка на НАТО станавме, а за членството на Македонија во ЕУ се појави уште еден наш сосед, Бугарија, со барање за смена на историјата и Бугарите да влезат во македонскиот Устав.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content