СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Три нови случаи на Ковид 19 во Прилеп

Дваесет нови случаи на Ковид 19, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, потврдени нови случаи на ковид-19 се во Прилеп-3, Скопје-12, Куманово-1, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

Во соопштението од Министерството за здравство наведуват дека по завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 550, активни 132, Куманово – 408, активни 53, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –176, активни 68, Тетово – 110, активни 54, Струга – 67, активни 16, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 5, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка – 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1.

Направените се 275 теста и тоа преку ИЈЗ –185, Ветеринарен факултет -15, Авицена –0, Биотек -32, Филип Втори (Жан Митрев) –2, Систина со PCR метода -24 и МАНУ -17, а досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација тројца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content