СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Деветмина излекувани , еден починат и три нови случаи на Ковид19 во Прилеп

Во Прилеп денеска се евидентирани тројца новозаболени од Ковид-19, а девет пациенти се излекувани од оваа заразна болест. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и во Пласница. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина.

На инфективното одделение во Општата болница во Прилеп се хоспитализирани 16 лица. Од нив, 11 се позитивни на коронавирусот, а пет пациенти се наоѓаат во делот за изолација. Поради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Во моментов во Прилеп во самоизолација се 241 лице. Инаку, во изминатото деноноќие забележан е еден случај на нарушување на полицискиот час.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content