Прилеп :4 нови случаи на коронавирус и еден оздравен

Денеска во општина Прилеп има 4 случаи на позитивни на коронвирус, а од лицата инфицирани со овој вирус забележан е и еден оздравен пациент .
Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица позитивни на КОВИД-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти.
Во самоизолација се наоѓаат 228 лица, а во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.
Вчера на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Во текот на вчерашниот ден во Прилеп почина уште едно лице – жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома.
На државно ниво Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19.